Зекири: Не само Илија Димовски, туку и Ејуп Алими од ДУИ вршеше притисок да не се гласа за Законот за ЈО

Објавено: 28 февруари 2020 - 09:07

Не само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, туку и еден пратеник од ДУИ, Ејуп Алими, кој е лично засегнат, вршеше притисок врз пратеници од таа партија, да не гласаат за Законот за јавно обвинителство.

Ова вчера го откри за прв пат пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, во емисијата „Вин Вин“ на Телма. 

Тој вели дека власта била одлучна да го донесе законот, со цел да се спасат предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, но некому и во владејачката ДУИ тоа не му одговарало.

„Ние бевме одлучни дека без да ги спасиме предметите од СЈО, не треба да се распушти Собранието. Каде сакавме да одиме, требаше ли да ги пуштиме сите дома да си одат без да се донесе законот - е не може тоа да се случи. Јас еве за прв пат тука ќе кажам дека меѓу оние што правеа најголем притисок врз пратениците за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, освен Илија Димовски што беше засегнат најмногу и што трчаше секаде по ходници да прави притисок врз секој пратеник каде што мислеше дека може да прави и да моли да не се носи законот, како и Антонио Милошоски, имаше и еден пратеник од ДУИ што тоа го правеше, а кој е засегнат од предметите, а тоа е координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, кој и на нивни пратеници - од ДУИ, им кажуваше дека не треба да гласаат. Но на крај, кога видоа дека и меѓународната заедница и сите ние сме решени дека мора да се донесе законт, си ја свиткаа опашката и си гласаа. Иако тие декларативно зборуваа постојано дека се „за“ Законот за јавно обвинителство, не било така. Можеби некој во ДУИ бил „за“, но не беа сите. И на крај сепак го изгласаа Законот. И јас се согласувам со господинот Арбен Таравари, дека ако на ДУИ им се случи некогаш само шест месеци да не бидат на власт, нема да знаат каде им е главта“, рече Зекири.  

Сподели ја веста

Последни содржини