(Фото) Онлајн шопинг фијаско!

Сигурно секој од нас барем еднаш во животот има направено интернет нарачка.
Покрај убавите искуства, постојат и случаи каде купувачите не го добиле тоа што го посакувале или барем ни делумно од она што се нудело во објавата.
Таков е случајот и со Британката Кортни Хендерсон, која одлучила за својот роденден да нарача фустан од Интернет.
Таа пронашла фустан за 65 фунти (4.700 денари), го нарачала, а кога го преземала пакетот имала што да види.
Имено, Кортни добила поинаков фустан од оној кој го нарачала. Кројот и бојата биле поинакви, а кога го пробала следел вистински шок.
Таа на Твитер објавила фотографија од фустанот, а се испоставило дека фустанот не ѝ ги ни покрива ни градите. Нејзината објава станала хит на интернет.