(Фото) Што симболизира бојата на омилениот фустан на Шекеринска?

Објавено: 13 февруари 2020 - 10:40

Министерката за одбрана Радмла Шекеринска префериран лежерна и софистицирана елеганција и е доследна на стилот кој го гради години наназад. 

Внимава на линијата, со ненаметлива фризура и шминка, со парчиња облека кои се евидентно брендирани, ама ускладени со дрес-кодот на јавна личност од сферата на политиката.

Министерката Шекеринска беше забележана во два наврати како носи ист фустан, кој совршено се вклопува на нејзината телесна фигура, а бојата покрај тоа што е впечатлива, симболизира храброст. 

Станува збор за фустан во циклама боја со мал шлиц на предниот дел, ситни копчиња обложени со материјал и брош, кој таа го носеше на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, во Брисел, а претходно во октомври минатата година. 

Како вас ви се допаѓа стилот на вицепремиерката Шекеринска?

Сподели ја веста

Последни содржини