Гинис за пластични операции!

Објавено: 11 февруари 2020 - 12:53

Многу жени кријат дека направиле какви било корекции на лицето и телото, но тоа не е случај со Синди Џексон, пејачка од Охајо.

Таа гордо истакнува колку операција направила, дава интервјуа и покажува слики од нејзината трансформација од неугледна девојка во привлечна, добродржечка 55-годишна жена. Таа и’ официјално е носителка на Гинисовиот рекорд во однос на посетите на пластичари, но и високо ценет советник во оваа област. Таа отворила веб страница, преку која ги споделува своите искуства со жени кои, како неа, не сакаат да остарат.

„Имам 55. години, но имајќи предвид колку години имаат некои делови од моето тело – нос 20, градите 4, брадата 17, усните 19 и очите 24 – може да се каже дека самошто наполнив 25. години. И така се чувствувам. Во 21 век, не треба да остариме како нашите родители. Не сакам да гледам во огледало и да видам старица“, самоуверено ги кажува своите ставови за естетските интервенции Синди Џексон, американска пејачка од Охајо, која благодарение на бројот на извршени операции (а ги имала 52) стана носител на Гинисовиот рекорд.

За да го постигне посакуваниот изглед, таа потрошила 100.000 американски долари, направила 14 операции под општа анестезија и десетици „полесни“ интервенции, вклучително и инјекции со ботокс и колаген, хемиски пилинг, козметичка стоматологија, ласерски третмани.Синди вели дека е повеќе од среќна со резултатите од нејзиното дружење со пластичарите и дека убавината нема цена.

„Мојот живот е драматично променет. Забележав дека луѓето се повеќе љубезни кон мене, дека ми посветуваат повеќе време и внимание“, вели таа.

Синди има напишано две книги и ја започнала страницата cindyjackson.com преку која нуди совети и консултации на секој што сака да го промени својот изглед.

Сподели ја веста

Последни содржини