Колку ќе ве чини одмор на балканските мориња

Објавено: 12 јули 2018 - 12:14

Доколку вашиот избор за летен одмор е плажа, уживање во сончевите зраци и соленото, чисто море, подолу имате една мала пресметка колку би ве чинел еден поволен одмор во неколку од нашите најблиски дестинации.

      1. Грција

Сместувањето со 3 ѕвезди кај нашиот јужен сосед за 7 дена ќе ве чини од 250 до 350 евра. Просечен оброк изнесува околу 10 евра, а оброк за двајца со три јадења околу 30 евра. Ако сакате да се освежите со пиво додека ручате тоа ќе ве чини од 3 до 5 евра, соковите се движат од 1 до 2,5 евра, водата е 50 центи и кафето е од 2 до 3 и пол евра.

  1. Бугарија

Сместувањето со 3 ѕвезди во Бугарија за 7 дена ќе ве чини од 300 до 500 евра. Просечен оброк изнесува околу 8 лева, а оброк за двајца со три јадења од 30 до 50 лева. Ако сакате да се освежите со пиво додека ручате тоа ќе ве чини од 2 до 3 лева, соковите се движат од 1 до 2 лева, водата е околу 1 лев и кафето е од 1,5 до 3 лева.

  1. Албанија

Сместувањето со 3 ѕвезди во Албанија за 7 дена ќе ве чини од 250 до 300 евра. Просечен оброк изнесува околу 600 лека, а оброк за двајца со три јадења од 1,800 до 3,000 лека. Ако сакате да се освежите со пиво додека ручате тоа ќе ве чини од 100 до 250 лева, соковите се движат од 70 до 150 лека, водата е околу 55 лека и кафето е од 100 до 150 лека.

  1. Црна Гора

Сместувањето со 3 ѕвезди во преубавата Црна Гора за 7 дена ќе ве чини од 250 до 500 евра. Просечен оброк изнесува околу 5 евра, а оброк за двајца со три јадења околу 25 евра. Ако сакате да се освежите со пиво додека ручате тоа ќе ве чини од 1,80 до 2,20 евра, соковите се движат од 1 до 2 евра, водата е 86 центи и кафето, кое е убедливо едно од најдобрите што сте ги пробале е од 1 до 2 и пол евра.

  1. Хрватска

Сместувањето со 3 ѕвезди на најубавата јадранска обала за 7 дена ќе ве чини од 300 до 600 евра. Просечен оброк изнесува околу 45 куни, а оброк за двајца со три јадења околу 200 куни. Ако сакате да се освежите со пиво додека ручате тоа ќе ве чини од 12 до 20 куни, соковите се движат од 10 до 15 куни, водата е 9 куни и кафето е од 8 до 12 куни.

Сега единствено што ви преостанува е да земете одмор од работа, ако не работите за тоа не треба да се грижите, да видите колкав буџет имате на располагање и да се одлучите.
А да, една работа ви ја оставивме на вас да ја истражите. Да пресметате колку ќе бе чини превозот до местото кое што ќе го изберете.

 

Сподели ја веста

Последни содржини