САНМАРТИ: Напитоци за постпразнична детоксикација

За време на празниците често знаеме и да претераме со преголема количина на масти, шеќери, обилни оброци... Токму затоа на нашето тело му е потребна постпразнична детоксикација. Ова се неколку рецепти за екстра напитоци кои ќе го вратат вашето тело во нормала. Главна состојка е водата, а за неа, се разбира, посебно внимание обрнуваат во Санмарти.
Енергетски детокс напиток со ѓумбир
Вкусен енергетски детокс напиток со зелен чај и ѓумбир, одличен е за утринско будење и прочистување на телото.
Содржи само 42 калории, 10.7 g јаглехидрати, 0.8 g протеини и воопшто не содржи масти.
Потребни состојки:
- 1 лажичка зелен чај
- 250 ml вода загреана на 80°С
- ½ лажичка ѓумбир во прав
- сок од ½ лимон
- сок од ½ портокал
- коцки лед и свежо нане (по желба).
Лимета, Краставица и газирана вода
Ова е класичен рецепт со газирана вода кој е екстремно лесен за правење. Вкусовите на лимета и краставица се вклопуваат совршено и прават одличен пијалок за детоксикација.
Потребни состојки:
- 1 краставица
- 1 лимета
- 4 литри газирана вода
Сода од нане и јагода
Оние кои еднаш го пробалe овој напиток тешко дека некогаш ќе го заборават. Доколку сакате може и да го направите со обична вода, но топло ви препорачуваме да искористите газирана вода поради посебниот шмек кој му го додава.
Потребни состојки:
- ½ чаша свежи лисја нане
- 1 чаша јагоди,
- 4 литри газирана вода
- 1 лента со коцки мраз
Покријте и ставете во фрижидер 1-3 часа пред да служите.
Grohe BLUE системите се ултра софистицирана технологија за филтрирана вода. Заборавете на непотребните трошоци за флаширана вода. Со овој систем добивате три типа на филтрирана вода: обична, медиум и газирана вода. Ова е економски и енергетски поисплатлива алтернатива која совршено ќе се вклопи во вашиот дом. За повеќе информации посетете ги салоните на САНМАРТИ или посетете ја нивната веб страна на www.sanmarti.com.mk.