Што значи чукањето во дрво три пати?

Кај многумина, свесно или несвесно, распространето е верувањето дека тропањето во дрво и тоа трипати, го тера малерот.
Обичајот вели дека постои точна причина и значење на секое од трите тропања.
Првото чукање е за привлекување внимание.
Вториот пат е знак за барање помош, додека третиот подразбира благодарност.
Обичајот потекнува од паганските предци, кои верувале дека во дрвото живеат злобни духови, односно дека тропањето по негова површина е добар начин да привлечете внимание и да побарате помош.