Во што да се маскирате овој Б'дник? Огромна галерија со предлози

Објавено: 04 јануари 2018 - 12:23

Во пресрет на традиционалниот карневал на маски, кој секоја година се одржува во Тетово за Бадник или како што ќе речат Тетовчани, Б'дник, една од најголемите дилеми е каква маска да се одбере. Групна, смешна, страшна, политичка?... На креативноста и нема крај. Во оваа статија ќе ви презентираме предлози за интересна маска за овој Бадник.

1. Страшни

Страшните маски се секогаш ин и при нивната подготовка има огромна слобода.

2. Face Paint

Неколку бои за лице и вешта рака може да резултираат со феноменална маска.

3. Маски за деца

Најмладите најмногу се радуваат на маскенбалот, а за нив има многу интересни маски кои ќе предизвикаат смеа и радост кај останатите.

4. Секси маски

Овие маски се за похрабрите. Дефинитивно ќе го привлечат вниманието на останатите.

5. Групни маски

Групните маски се многу популарни поради нивната креативност. Соберете го друштвото и направете откачена маска.

6. Суперхерои

Суперхероите и филмските ликови се можеби тешки за изработка и бараат време, но ефектот е неверојатен.

7. Откачени маски

На крајот од денот се е за забава. Можностите се милион, па ви препорачуваме да се опуштите и да се забавувате.

 

 

 

 

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини