Зошто треба да слушате музика на работното место?

Објавено: 13 август 2019 - 12:16

Во истражување направено од веб-страната www.totaljobs.com во соработка со Др. Анели Хаке (психолог) е откриено дека дури 79% од вработените можат да ја зголемат својата продуктивност преку слушање на музика за време на работата.

Музиката е храна за продуктивноста

Според анкетата која ја спровеле, во која учествувале дури 4.500 луѓе, откриено е дека повеќето работни места би имале корист од музиката, меѓутоа на речиси 38% тоа не им е дозволено.

Истражувањето открива дека сите (речиси 99%) кои работат во големи канцеларии или широки простори, би ја зголемиле својата продуктивност преку слушање музика.

Повеќе од половина од нив (59%) рекле дека музиката им ја подобрува психолошката состојба и им го подобрува расположението.

Според истражувањето, ова се 5-те професии кои најмногу дозволуваат музика на работното место:

  • Програмирање (73%)
  • Анализа на податоци (66%)
  • Маркетинг (64%)
  • Односи со јавност (60%)
  • Уметност (59%)

Најдобрите жанрови за работа

Ова истражување исто така се позанимавало и со тоа каков вид на музика најмногу ќе го подобри резултатот од работата.

Се покажало дека 5-те најпопуларни жанрови кои ќе ја подобрат продуктивноста се:

  • Поп/Фолк (фолк-рок, а не турбофолк)/Инди (35%)
  • Рок/Гранџ/Метал (26%)
  • Рап/R&B/Соул/Фанк/Џез (18%)
  • Електронска/Денс/Хаус/ДнБ (12%)
  • Класична/Инструментална/Лаунџ (7%)

Интересно, најпопуларните музичари во оваа анкета се ДрејкКендрик Ламар и рок бендот Foo Fighters.

Сподели ја веста

Последни содржини