Албанија ќе формира национална авиокомпанија

Објавено: 28 November 2017 - 01:56

Албанија со помош на „Туркиш Ерлајнс“ ќе формира национален авиопревозник кој ќе го носи името „Ер Албанија“, а со работа ќе започне во 2018 година.

Премиерот на Албанија Еди Рама лично бил вклучен во формирањето на авиокомпанијата и најави дека ќе се воспоставуваат летови од Тирана до Скопје, Подгорица, Приштина, Сараево и Загреб.

– Нашата цел е да основаме албански превозник. Многу сум му благодарен на претседателот на Турција и на извршниот директор на „Туркиш Ерлајнс“, што ни обезбедија таква скапоцена помош. Блиску сме до финализирање на проектот и се надевам дека наскоро ќе започнат првите летови, изјави Рама.

Тој не говореше за рокови, но истакна дека се надева на помош од пријателите не само од технички карактер, туку и со широк спектар на услуги.

– Конечно ќе направиме албанска авиокомпанија, која ќе обезбеди ист квалитет на услуги како „Туркиш ерлајнс“, истакна Рама.

Извор: a1on.mk

Сподели ја веста

Последни содржини