Договор за постепено укинување на царините - Заврши трговската војна меѓу САД и Кина?

Објавено: 08 November 2019 - 13:15

Кинеското министерство за трговија соопшти дека постигнале договор со САД за пропорционално укинување на царините на двете земји, кое ќе се одвива во неколку фази. 

Соопштението следи пред одржување на долгонајавуваната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг. Вработен во трамповата администрација изјавил дека постигнувањето на договор може да се одложи во декември поради барањето на идеална локација. 

На предлог листата се наоѓаат десеттина места, меѓу кој беше и предлогот за средба на маргините на сега откажаниот самит на лидери на азиско-пацифичкиот регион во Чиле. Најверојатно е дека средбата ќе се оствари во Лондон за време на самитот на НАТО, бидејќи е веќе потврдено дека Трамп ќе присуствува на 3 и 4 декември. 

Трговската војна меѓу Кина и САД започна пред година дена што резултираше со воведување на меѓусебни царини во вредност од милијарди долари. 

Сподели ја веста

Последни содржини