Домат со големина на боровинка. Прв од ваков вид.

Објавено: 10 јануари 2018 - 00:45

Израелската компанија „Кедма" одгледала домат со големина на боровница, најмалиот домат што е одгледан во земјата, а како што наведува американската агенција „Асошиејтед прес" (АП), и во светот.

Семето од доматот е направено во Холандија и е модифицирано за да успее во сувите климатски услови на јужниот дел од Израел. Рами Голан од Центарот за истражување на пустината Арава тврди дека тоа е најмалиот домат што некогаш бил одгледан во Израел, пренесува АП.

Доматот е помал од една израелска монета.

Предноста на овој домат е тоа што тој е многу пријатен. Може веднаш да го ставите во салата, без пред тоа да го сечете. Вкусот едноставно ќе "експлодира" во вашата уста. Достапен е во црвена и жолта варијанта. Предвидувањата се дека ќе биде вистински хит помеѓу купувачите.

Во последните неколку години на големо се дискутира околу генетски модифицираната храна (ГМО). Многу научници тврдат дека таа е многу штетна и влијае на хормоналниот дисбаланс во човековото тело. 

 

Сподели ја веста

Последни содржини