Џабе бугарски пасош: Оваа земја сака да го раскине договорот со ЕУ за слободно движење

Објавено: 21 февруари 2020 - 12:07

Дали Швајцарецот ќе го следи британскиот пример и ќе и сврти грб на ЕУ, прашува германски Велт. 

Точно, алпската Република не е земја-членка на ЕУ, но одржува блиски економски врски со Заедницата, а границите на земјата беа отворени не само за стоки и услуги, туку и за слободно движење на лица. Оваа слобода сега може да се прекине: на 17 мај ќе се одржи референдум во Швајцарија, кој мора да одлучи дали земјата треба да го раскине договорот со ЕУ за слободно движење на лицата.

Во 2019 година, бројот на Бугари кои живеат во Швајцарија се зголеми за 1.770, а оној на Романците – за 3.176. Ова значи дека миграцијата од двете држави се зголеми за вкупно 132,8% во однос на 2018 година. Во исто време, невработеноста меѓу Бугарите и Романците кои живеат во Швајцарија се зголемува. Според Министерството за економија, невработеноста кај Бугарите се зголемила од 8,8% во 2015 година на 14,2% на крајот на 2018 година.

„Нашите стравови се потврдени“, вели пратеникот на Швајцарската народна партија, Франц Грустер. Според него, илјадници Швајцарци се без работа, додека во исто време компаниите ангажираат Бугари и Романци да работат во Швајцарија, кои денес се скоро двојно поголем дел од невработените во споредба со Швајцарците.

Сподели ја веста

Последни содржини