Евакуација на патниците и екипажот од крузерот кој беше одбиен од пет земји

Објавено: 14 февруари 2020 - 09:03

Патниците и членови на екипажот кои беа во карантин на крузерот „The Westerdam“, чие закотвување го одбија пет азиски и пацифички земји од страв од ширење на корона вирусот, конечно може да излезат од карантин.

Меѓу 1.455 патници и 802 членови на екипажот нема потврдени случаи на корона вирусот. Евакуациката ќе се одвива во етапи, во зависност од распоредот на авионските летови. 

Крузерот своето патување го почна минатиот месец од Сингапур, а последното застанување му беше во Хонгконг. Од друга страна, продолжува карантинот за патниците на крузерот „Diamond Princess“ во Јапонија, каде досега се потврдени 219 случаи на вирусот. Властите соопштија дека се очекува зголемување на бројот на заразени пред истекот на карантинот што предвидено да трае до 19 февруари.

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини