Facebook потврди дека прекините не се резултат на сајбер-напад

Објавено: 14 март 2019 - 10:19

Facebook, Instagram и WhatsApp работат нормално, по прекин од 14 часа.

Facebook и Instagram  „паднаа“ ширум светот, поради што илјадници корисници својот револт го изразија на Твитер.
Двете социјални мрежи почнаа да се соочуваат со потешкотии околу 20 часот, со пораки за грешки на веб-страниците, наведувајќи: "Упс ... Работиме на тоа да го поправиме што е можно побрзо."
Корисниците на WhatsApp, исто така, започнаа да известуваат за проблемите околу полноќ, при што тврдеа дека не можат да испраќаат пораки.


Oва е опишано како „најтешките прекини во историјата" на Facebook.
Последен пат Facebook имаше проблеми од овој размер во 2008 година, кога платформата броеше 150 милиони корисници, во споредба со околу 2,3 милијарди месечни корисници денес.
Одговарајќи на гласините објавени на други социјални мрежи, Facebook изјави дека прекините не се резултат на сајбер-напад.
Сепак, сè уште не е јасно што предизвикало проблем за корисниците на социјалните мрежи низ целиот свет.
Прекините на овие социјални мрежи се прикажани на сликата во прилог.

Сподели ја веста

Последни содржини