Фото: Хрватите во паника ги празнат маркетите

Објавено: 26 февруари 2020 - 08:34

Во Хрватска е забележа вториот случај на коронавирус. Заразен е братот на дечкото кому вчера му е дијагностициран вирусот откако се вратил од Италија, јавува Јутарњи лист. а граѓаните во паника, побрзаа во продавниците да се обезбедат со основна храна.

Веќе неколку дена аптеките немаат заштитни маски, а граѓаните сега почнаа и да складираат храна.

Фотографиите што пристигнале до Дневник.хр ги покажува празните полици во трговски центар во Загребско Врбани.

Нема месо, риба, тестенини и ориз. Целиот квасец бил купен. Во делот за козметика веќе нема средства за дезинфекција“, вели читателот.

Граѓаните на социјалните мрежи пишуваат и за „недостигот“ на залихите во продавниците низ Загреб. Тие велат дека во некои продавници нема конзервирана храна и тестенини, но затоа има сапун.

„Приоритетите се познати“, напиша еден жител на Загреб, на кој други изјавија дека се шокирани од бројот на купувачи во продавниците. Некои дури помислиле дека нешто бесплатно се дели.

На оваа информација реагираа и од седиштето за цивилна заштита на градот Загреб.

„Нема потреба да брзате по продавниците. Продавниците ќе бидат обезбедени. Градот Загреб ќе добие наша поддршка да функционира нормално “, рече Павле Калиниќ.

Сподели ја веста

Последни содржини