Франција е новиот економски гигант во еврозоната

Објавено: 08 November 2019 - 08:52

Според пишувањата на Блумберг, економскиот гигант Германија е симнат од тронското место и тоа од втората најјака економија во еврозоната - Франција.

Политиките на францускиот претседател Емануел Макрон на долгорочен план очигледно даваат позитивни резултати, а бројката на создадени нови работни места е толку голема што економистите не можат да го објаснат овој феномен, додека пак главниот економист на Централна банка го нарече ова темпо „импресивно“.

Ова се случува во период кога Германија е во рецесија, а причината за раст на француската економија се препишува на политиките на Макрон, кои се однесуваат кон намалување на даноците, деловните инвестиции и зголеменото вработување по промените во законодавството на трудот..

Иако Франција има голем долг, особено поради скапиот јавен сектор што е 56 отсто од БДП за разлика од Германија каде што е 45 отсто, сепак клучен двигател е домашната побарувачка, како и зголемените странски инвестиции. 

Сподели ја веста

Последни содржини