Голем грабеж во центарот на Париз- крадците украле накит вреден 400 000 евра

Објавено: 05 април 2019 - 09:01

Француската полиција соопшти дека од угледен хотел во центарот на Париз двајца мажи украле накит вреден 400 000 евра.

Маскираните мажи влегле во хотелот Пенинсула во близина на Триумфалната капија во Париз ноќеска околу 1 часот по полноќ. Еден од нив им се заканил на вработените со пиштол, а другиот употребил секира со која скршил четири стаклени витрини, во кои бил изложен накитот.

Криминалците избегале без пукотници и влегле во автомобил, што го возел трет човек. По извесно време, автомобилот бил најден надвор од Париз, запален.

Ова не е прв пат од луксузни хотели во Париз да се краде накит. Минатата година петмина маскирани мажи со секири и ножеви влегле во хотелот Риц и украле накит вреден 4,5 милиони евра.

Во 2016 беше ограбена и старлетата Ким Кардашијан во Париз, кога под закана крадците влегле во нејзиниот апартман и и го ограбиле накитот вреден 10 милиони евра.

Сподели ја веста

Последни содржини