HUSSE советува: Заштитете си го најдобриот пријател во лето

Објавено: 12 јуни 2019 - 11:32

Никогаш ама баш никогаш не оставајте го вашето куче во автомобилот, па макар и тоа било само на неколку минути. Ниту ако автомомобилот работи и климата е вклучена. Колите се загреваат премногу брзо, а оставањето на вашиот миленик во нив може да резултира со прегреаност или во најлош случај смрт. Доколку температурата надвор е 35 степени, температурата во колата може да достигне 50 степени само за 10 минути. За 30 минути, температурата може да се качи и до 60 степени.
Вашето куче може да се здобие со непоправлива штета на внатрешните органи и тоа да резултира со смрт. 

Husse ви дава неколку корисни совети како да ги заштитите вашите миленици во текот на летото:

  • Погрижете се вашето куче секогаш да има пристап кон свежа вода, без разлика на временските услови.
  • Погрижете се вашето куче секогаш да има пристап до сенка кога е во дворот и не го оставајте без надзор, особено не во најжешките часови.
  • Долгите прошетки оставете ги за рано наутро или доцна навечер, кога веќе е постудено.
  • Кога шетате, погрижете се да ги избегнувате вжештените површини, како бетонот и асфалтот, затоа што може да ги изгорите шепите на вашето куче. Секогаш погрижете се да ја пипнете површината со гола рака, доколку е жешко за вашата рака, жешко е и за нивните шепи.
  • Ако сметате дека е жешко надвор за вас, за вашето куче е пожешко. Погрижете се да наоѓате начини како да го разладите.
  • Погрижете се за редовно прочистување на вашето куче од надворешните паразити (болви и крлежи). Консултирајте се со вашиот ветеринар за тоа што е најдобро за вашето куче.
  • Земете го предвид потстрижувањето или целносното отстранување на долгото крзно на вашето куче. Никогаш не потстриживајте го до самата кожа. Секогаш мораат да имаат слој крзно што ги заштитува од надворешните влијанија. Секако, прво консултирајте се со вашиот ветеринар, дали тоа е соодветно за вашиот тип миленик. Секогаш, безусловно, кога кучето е изложено на сонце, премачкајте го со крема за сончање, доколку има тенко крзно. 
  • Не дозволувајте му на кучето да ја држи главата надвор од автомобилот додека возите. Изгледа „кул“, но премногу е лесно да се повреди, да биде удрено од друг движечки објект или да се здобие со повреда на очите од туѓо тело.
  • Потрудете се да ги научите симптомите на сончаница кај кучињата. Тие вклучуваат тешкотиии во дишењето, прекумерно лигавење и слабост при движење.
  • Внимавајте од убоди од инсекти. Вашето куче може да добие алергиска реакција и можеби ќе треба убодите да бидат третирани правилно. При вакви ситуации, неизбежна е консултација со вашиот ветеринар.
  • Потрудете се вашето куче да нема прекумерна тежина. Тоа само му ја отежнува состојбата во лето.
  • Хранете го со полесна и помалку масна храна.
  • При прошетки во природа внимавајте на змии. Секогаш имајте против отров во вас (и за вас и за вашиот миленик) или едноставно избегнувајте области за кои веќе е познато дека живеат змии.
  • Доколку го носите вашиот миленик со вас на плажа, задолжително нанесете крем за сончање врз целото тело, особено за ушите, кои се најизложени. Се разбира, одберете место со поголема сенка, за да може вашиот миленик да се разладува кога му е тоа потребно.
  • Доколку сте на море, вашиот миленик обожава да се бања, задожителнио измијте го целото тело со свежа вода откако ќе заврши со пливање за да ја отстраните солта од неговото тело, која е лоша за кожата и крзното.

И се разбира, доколку ги почитувате овие правила, се што ви останува е само да имате прекрасно лето со многу забава. Уживајте!

Сподели ја веста

Последни содржини