Кој ќе профитира од економскиот колапс на Кина поради коронавирусот?

Објавено: 18 февруари 2020 - 10:02

Коронавирусот силно ја погоди економијата на Кина, но некои земји може да профитираат од нејзиниот колапс. 

Една од нив би можела да биде Турција. Според изјавата на турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, вирусот има некои позитивни ефекти врз турската економија во поглед на претставувањето на алтернативна производствена база за Кина.

Според турските медиуми, Варанк изјавил дека добавувачите во странство почнале да покажуваат поголем интерес за производителите во Турција.

„Секако, ние не сакаме земјите да имаат такви проблеми. Меѓутоа, во светот постои економија која постојано е во движење“, изјави тој, и додаде дека доколку таа задача биде пред Турција, ќе се носи со неа.

Тој изјави и дека Турција е земја која може да произведува скоро во секој сектор и е во состојба да го зголеми капацитетот како алтернатива за другите земји.

Сподели ја веста

Последни содржини