Макрон: НАТО е клинички мртов, Европа на раб на бездна

Објавено: 08 November 2019 - 11:38

Интервјуто на францускиот претседател Емануел Макрон за британскиот Економист предизвика лавина од реакции насекаде во светот.

Според него, НАТО е клинички мртов, а Европа на раб на бездна. Макрон ги предупреди членките на ЕУ дека повеќе не можат да се потпрат на помошта од САД.

Веднаш потоа следеше реакција од германската канцеларка Ангела Меркел која смета дека тој настапил сурово и дека не се согласува со неговите тврдења.

Од друга страна пак, портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова го поздрави интервјуто на францускиот претседател и истакна дека точно ја опишал состојбата во Северноатланската алијанса. 

 

Сподели ја веста

Последни содржини