Мразот на Антартикот се топи со алармантна брзина

Објавено: 14 јуни 2018 - 09:26

 Топењето на мразот на Антарктикот алармантно се забрзува, при што во изминативе 15 години се стопиле три илјади милијарди тони мраз, се наведува во извештај на меѓународен тим експерти објавен денеска. 

Во студијата се наведува дека во послениов четврт век на најјужниот дел на Планетата се стопило толкаво количество на мраз од кој е добиена вода што би можела да ја прекрие целата територија на американската сојузна држава Тексас во висина до четири метри.

Според експертите ваквото топење на мразот на Антарктикот придонело за покачување на глобалното морско ниво за 7,6 милиметри.

Во истражувањето се наведува дека во периодот од 1992 до 2011 година во просек се топеле по околу 84 милијарди тони мраз годишно, а од 2012 со 2017 година по 241 милијарда тони.

– Мислам дека треба да се загрижиме, но не значи дека треба да бидеме очајни. Работите едноставно се случуваат и тоа побрзо отколку што очекувавме, вели Изабела Велкоња од Калифорнискиот универзитет, која е една од 88-те коавтори на студијата.

Според друг коавтор на извештајот, Ендрју Шапар од британскиот Универзите во Лидс, доколку продолжи ваквото темпо на топење, само како резултат на стопрниот мраз од Антарктикот, до крајот на векот нивото на морињата би се зголемило за 16 сантиметри.

Ова е второ вакво истражување, што го изработуваат научници во соработка со американската Национална аеронаутичка и веселнска администрација (НАСА) и Европската вселенска агенција. Целта на стидиите е да се следи состојбата со мразот на Антарктикот и околу Гренланд.

Сподели ја веста

Последни содржини