На овој остров на туристите им ги враќаат парите ако падне дожд: Заинтересирани?

Објавено: 24 февруари 2020 - 13:31

Иако не постои ниту една дестинација која може да ви гарантира совршено време за време на вашиот одмор, италијанскиот остров Елба има нова програма наречена „Елба без дожд“ која им ветува на туристите дека нема да падне дожд…

Необичната програма се заснова на непредвидливата клима, а доколку врне дожд на островот, се обезбедува целосна исплата на вложените пари за сместување.

Италијанскиот остров Елба, кој се наоѓа на брегот на Тоскана, е идилично место каде можете да ги поминувате годишните одмори, а најпознат е по своите прекрасни плажи, убавата архитектура и вкусната храна. Покрај тоа, островот е совршена комбинација за луѓе кои сакаат да се релаксираат и одморат, но и да бараат фасцинантни атракции и места за разгледување.

Со оглед на тоа што климата на овој остров е непредвидлива, порталот Lonely Planet вели дека е многу можно туристите да отседнат бесплатно во хотел.

Сподели ја веста

Последни содржини