Најбогатите 10 семејства во светот „тежат“ колку БДП на Германија, Франција и Британија

Објавено: 26 февруари 2020 - 09:09

Најбогатите десет семејства во светот заедно имаат приход од 3,4 трилиони американски долари. 

Тоа  е еднакво на целиот БДП на Германија, Велика Британија и Франција, објави B92. 

Семејството Марс од САД се наоѓа на првото место. Нивното богатство чини 70,8 милијарди долари. Тие се сопственици на компанијата Марс.

Слим од Мексико е семејство кое има богатство вредно 64,9 милијарди долари. Ова семејство беше најбогато во светот од 2010 до 2013 година. Семејството своето богатство го стекна со нивната компанија Групо Карсо.

Семејство Закерберг од САД е на трето место. Нивното богатство се проценува на 63 милијарди долари. На чело на ова семејство е Марк Закерберг.

На 4 место е семејство Елисон од САД. Тие располагаат со дури 61,8 милијарди долари. Лери Елисон е ко-основач на глобалната корпорација Оракл.

Семејството Чакри од Тајланд е на петто место. Нивното богатство се проценува на 60 милијарди долари. Тие  владеат со Тајланд последните 237 години.

Семејството Албрехт од Германија има богатство во вредност од 53,5 милијарди долари. Парите ги заработиле двајцата браќа Карл и Тео Албрехт, кои се основачи на супермаркетот „Алди“.

Семејството Пејџ од САД се најде на 7-то место и има богатство проценето на 52,4 милијарди американски долари. Лери Пејџ е ко-основач на Гугл и сега е извршен директор на компанијата Алфабет.

Богатството на семејството Амбани од Индија се проценува на 52,3 милијарди американски долари. Дирубај Амбани беше ко-основач на Reliance Industries.

Брин од САД „тежат“ 51,1 милијарди долари. Сергеј Брин е технолошки моќник и ко-основач на компании како Гугл. Тој во моментов е претседател на матичната компанија Алфабет.

Последно на листата е семејството Думас од Франција, во чија сопственост е брендот „Хермес“. Нивното богатство вреди 49,2 милијарди долари.

Сподели ја веста

Последни содржини