Петоците ќе бидат слободни денови за вработените во „Мајкрософт“

Објавено: 17 февруари 2020 - 13:52

Продуктивноста порасна за 40 отсто откако работниците во Јапонија прекинаа да ги работат петоците. 

Според сознанијата на „Мајкрософт“, одлуката да им се дозволи на вработените да работат само од понеделник до четврток, резултира со 40 проценти зголемување на продуктивноста. Тие ја тестираа теоријата во Јапонија ,преку програма што ја нарекоа „Предизвик за избор на работниот живот“.

Четиридневна работна недела веќе одамна е карактеристика на новоформираните компании, со што фокусот на вработените е да ги завршат задачите во определен рок, со цел да имаат подолг викенд. 

Тестот опфатил 2.280 вработени, а повеќе од 90 проценти од нив изјавиле дека имаат пораст на продуктивноста. Интересно е што тие исто така воспоставиле политика, со која состаноците не траат подолго од 30-ина минути. 

Според американскиот бизнис-магазин Inc Magazine, со остварување на работните обврски, петокот се смета како награда за работникот, а тоа дополнително влијае за поголема продуктивност во навременото завршување на задачите. 

Сподели ја веста

Последни содржини