По Брегзит, Велика Британија со нови критериуми за виза

Објавено: 20 февруари 2020 - 10:53

Велика Британија ќе им дава предност на висококвалификувани работници од целиот свет во системот за имиграција по Брегзит, соопшти тамошната влада, од каде што планираат да ѝ стават крај на својата доверба во „евтините работници од Европа“.

Новиот систем ќе додели поени за специфични вештини, квалификации и професии и ќе им се издаваат визи само на оние што имаат доволно бодови.

За да добие виза, кандидатот ќе треба да го владее англиски јазик и веќе да има договорено работно место со минимална годишна плата од 25.600 фунти.

- Визите ќе им бидат доделени само на оние што имаат доволно поени. Ова ќе им даде приоритет на најдобрите таленти, како што се научници, инженери и универзитетски професори - објасни во изјавата министерката за внатрешни работи Прити Пател.

Правилата стапуваат во сила на 1 јануари 2021 година, по периодот на транзиција по излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 31 јануари, а граѓаните на ЕУ ќе бидат третирани на ист начин како и граѓаните што не се во ЕУ.

Сподели ја веста

Последни содржини