Половина Америка се испозарази од 200 милиони расипани јајца

Објавено: 16 април 2018 - 08:17

Повеќе од 200 милиони јајца дистрибуирани до ресторани и продавници за храна во девет држави се отповикани поради бактериска контаминација.

Соопштението е објавено на веб-страницата на Прехрамбената и лекарската администрација (FDA) во петокот, а гласи дека јајцата што се испраќаат од фарма во Северна Каролина може да бидат заразени со салмонела. Бактеријата може да предизвика гадење, дијареа и во ретки случаи, смрт. Дваесет и два случаи на заразеност се пријавени.

"Оние кои ги купиле овие јајца не треба да ги јадат", рече на Твитер комесарот на ФДУ, Скот Готлиб. "Фрлете ги или вратете ги на местото каде што сте ги купиле и барајте враќање на средствата."

Известувањето вели дека "Роуз Акре Фармс", базирани во Индијана, самостојно апелирале на претпазливост. Портпаролот на компанијата не дал дополнителен коментар во неделата.

Јајцата стигнаа во Колорадо, Флорида, Њу Џерси, Њујорк, Северна Каролина, Пенсилванија, Јужна Каролина, Вирџинија и Западна Вирџинија.

Повлекувањето се случи откако беа пријавени случаи на труење во државите долж источниот брег, а ФДА ја прегледа фармата во Хајд Каунти, источна Северна Каролина, која произведува околу два милиони јајца дневно.

Големиот бренд Food Lion ги повлече заразените јајца од полиците на околу 400 продавници каде што се на располагање, изјави портпаролката Ема Инман.

"Јајцата кои се во продавниците денес се безбедни", рече таа по телефон. Таа рече дека нема информации за тоа дали корисниците на "Food Lion" се меѓу оние кои се разболеле.

Сподели ја веста

Последни содржини