Пред 27 години e отворен забавниот парк Дизниленд во Париз

Објавено: 12 април 2019 - 13:32

Дизниленд е најпосетената дестинација во Париз, надминувајќи ја дури и Ајфеловата кула по популарност. 

Дизниленд е отворен на 12-ти Април 1992 година, вториот отворен Дизни комплекс надвор од САД (пред него беше отворен само Дизни комплексот во Токио), но e прв во Европа. 

Паркот е создаден така што ќе ве натера да заборавите дека постои друг свет. Добро смислен е буквално секој детал, од зградите и зелените површини, дури до работниот персонал. Фокусот се разбира е врз децата, но и возрасните не се заборавени.

Дизниленд Париз има три дела: Дизниленд Парк, Дизниленд Студио Парк и Дизни Село.

Дизниленд Парк

Ова е прв изграден парк во целиот комплекс. Симбол на овој парк е замокот од „Заспаната убавица“. Дизниленд паркот е целосно посветен на хероите од бајките на Дизни. Самиот Дизниленд Парк е поделен на неколку делови. Тука има вкупно 49 различни атракции. Вреди да се прошетате по главната улица и да го разгледате детално целиот парк.

Покрај тоа тука има атракција која ќе ве однесе во Дивиот Запад - Frontierland.

Во случај да преферирате авантури, поминете некое време на Adventureland. Привлечноста ја создава џунглата, а атмосферата е егзотична.

Fantasyland е местото за љубителите на бајките. Tука можете да ѕирнете во светот на вашите омилени ликови како Пинокио, Заспаната убавица, Снежана, Алиса и други.

Discoveryland е посветен на животот на различни истражувачи како Леонардо Да Винчи.

Во секое одделно катче на паркот може да најдете различни атракции.

Дизниленд Студио Парк

Дизниленд Студио Парк ги отвори вратите во 2002 година. Тука атракциите се посветени повеќе на различни филмови и херои. Овде ќе најдете атракции за поголеми деца, тинејџери и возрасни.

Овој дел од Дизниленд Париз е помалку популарен и има 2 пати помалку посетители.Поделен е на неколку терени, секој со своја тема и уникатни атракции.
На предната страна тука се претежно продавници за сувенири. Кога ќе влезете ќе ве пречека огромната водна кула со уши на Мики Маус и фонтаната Фантазија еден од симболите на Дизниленд Париз.

Овој дел од паркот е посветен на Браќа Лимиер, основоположниците на киното.

Toon студиото е друг дел од паркот. Овој терен е посветен главно на ликови од цртаните филмови на Дизни и PIXAR. Тука ќе најдете најразлични мали и поголеми атракции, инспирирани од цртани филмски херои.

Третиот терен се вика Production Courtyard. Овој дел е поврзан со холивудски филмови. Тука се наоѓаат едни од најпопуларните атракции.

Последниот терен е посветен целосно на процесот на правење на филмовите и она што се случува зад камерите. 

Дизни Село

Ова е дел одвоен специјално за одмор, шопинг и јадење. Можете да изберете помеѓу различни тематски установи и ресторани. Но, внимавајте, цените може да ве изненадат непријатно.

 

Сподели ја веста

Последни содржини