Претставена првата фотографија на црна дупка

Објавено: 11 април 2019 - 11:49

National Science Foundation и Event Horizon Telescope ги претставија резултатите од истражувањето и првите фотографии на огромната црна дупка која се наоѓа во срцето на галаксијата „Месиер 87“.

Астрономите ја направија првата фотографија од црна дупка, најавувајќи револуција во нашето сфаќање на најтаинствените објекти на универзумот.

На фотографијата се гледа ореол од прашина и гас околу контурите на џиновска црна дупка, во срцето на галаксијата Месје 87, 55 милиони светлосни години од Земјата.

Самата црна дупка - космичка порта од која не можат да избегаат ниту светлината ниту материјата - е невидлива. Но најновите набљудувања за прв пат ги доведоа астрономите до нејзиниот праг, осветлувајќи го хоризонтот на настани на кој се прекршуваат сите познати закони на физиката.

Но, досега никој немаше видено како изгледа една црна дупка, затоа што црните дупки се простор на сконцентрирана густа материја. Токму поради својата неверојатно голема маса и малиот волумен, црните дупки привлекуваат се што ќе им се најде во близина – од залутани ѕвезди, па се до фотоните на светлината.

Ова историско достигнување го овозможи глобалната телескопска мрежа составена од низа телескопи стационирани на Земјата во проектот кој се смета за испит на општата теорија на релативноста на славниот физичар Алберт Ајнштајн. Откритието беше претставено на прес-конференции одржани истовремено во Вашингтон, Брисел, Сантијаго, Шангај, Тајпеј и Токио. Фотографијата открива црна дупка во центарот Мезиер 87, масивна галаксија оддалечена околу 54 милиони светлосни години од Земјата.
 

„Ова е извонреден ден за астрофизиката. Гледаме што досега не беше невидливо“, рече директорката на Американската национална научна фондација (U.S. National Science Foundation), Френс Кордова.

Зад историската слика стои 29 годишната Кејти Буман. Таа го предводела тимот кој работел на алгоритамот со кој е направена првата фотoграфија од црната дупка. 
Овој алгоритам почнала да го прави пред 3 години, додека била студент на Технолошкиот институт во Масачусец. 
 

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини