Прв пат по 10 години намалено богатството на милијардерите

Објавено: 08 November 2019 - 10:46

Според најновите економски извештаи, прв пат по 10 години најбогатите луѓе во светот минатата година имале намалување на богатството поради нестабилниот пазар на капиталот, како и различните геополитички превирања. 

Според извештаиште, на глобално ниво има пад за 338 милијарди долари, а најпогодени се кинеските милијардери и оние од азиско-пацифичкиот регион. .

Сепак, интересна информација која ја сподели „Ројтерс“  е дека иако е намалено богатството на најбогатите Кинези, на секои два до три дена се појавува нов милијардер и дека освен во Америка бројот на милијардери е намален насекаде во светот..

„Овој извештај ја покажува отпорноста на американската економија, каде што имало 749 милијардери на крајот на 2018 година“, рече финансискиот експерт Џон Метјус, презентер на УБС во САД.

Од друга друга страна Симон Смајлс, главен директор на УБС за инвестицискиот оддел за богатите клиенти, смета дека постои голема веројатност богатството на милијардерите повторно да се зголеми оваа година. 

 

Сподели ја веста

Последни содржини