„Сакам да умрам сега“ - Булинг врз дете со Ларонов синдром

Објавено: 21 февруари 2020 - 10:42

Мајка од Австралија праќа силна порака за булинг, преку споделеното видео од нејзиниот деветгодишен син Куаден.

– Се прашувате зошто децата се убиваат? – прашува мајката во видеото.

– Носи ме оттука веднаш. Можам да се прободам сам во срцето. Дури и тебе воопшто не ти е грижа. Ништо не правиш – вели со плачење нејзиниот син.

– Сакам да умрам сега. Сакам да ја удрам главата во стакло. Сакам некој да ме убие и да ме прободи – продолжува тој.

 

 

– Вакво влијание има булингот врз 9-годишно дете кое единствено сака да оди на училиште, да се едуцира, да се забавува, но секој ден нешто се случува, друга епизода, друг булинг, друго навредување и сакам луѓето да знаат колку нè боли нас како семејство. Сакам луѓето да ги едуцираат своите деца. Повеќе не можеме, се обидуваме да бидеме силни и позитивни колку што е можно, но ова покажува како булингот влијае врз 9 годишно дете. Јас морам постојано да го држам под око поради обидите за самоубиство. Ова им го прави булингот на луѓето – вели таа.

Кратко по објавувањето на видеото, Куаден доби поддршка буквално од целиот свет. Пораки пристигнуваат од различни страни, а тоа може да се види и од снимката подолу!

 

Сподели ја веста

Последни содржини