Швајцарија бара истерувач на ѓаволи

Објавено: 19 февруари 2020 - 14:21

Епископија на Римокатоличката црква во Швајцарија бара нов егзорцист, кој ќе ги ослободува верниците од демони и поседување.

Градот Хур се уште важи за центар на егзорцизмот во Швајцарија и општо во подрачјата на Швајцарија каде се говори германски јазик.

По смртта на епископскиот викар Кристоф Касети, еден од најпознатите егзорцисти во Швајцарија, епископијата е во потрага по нов истерувач на ѓаволи.

Според извештајот на швајцарската телевизија СФР, истерувањето на ѓаволи во Швајцарија е се почесто и црквата годишно спроведува околу 1.300 егзорцизми.

Поради егзорцизмот, епископијата Хур е често мета на критики и католичкиот теолог Маркус Арнолд е загрижен за зголемениот број на егзорцизми во Швајцарија.

Епископијата во Хур истакна дека егзорцизмот е дел од задачите на еден епископ.

Сподели ја веста

Последни содржини