Швеѓаните со фика ритуал ги „ресетираат батериите“

Објавено: 17 November 2019 - 10:27

Швеѓаните се сметаат за едни од најсреќните луѓе во светот. 

Иако се скромни и ладни луѓе, сепак тие претпочитаат своето време да го користат квалитетно, а да не го губат во залудни и непотребни разговори. 

Сепак кога станува збор за „ресетирање на батериите“, тие практикуваат ритуал кој се нарекува фика, односно „мала сабота“

Станува збор за пауза за кафе во комбинација со колачи, која ја користат за средба со пријателите или пак за опуштање од работните обврски. 

Ова е една од причините поради која тие се успешни во бизнис и деловната сфета, а сепак се и дел од листата на најсреќни луѓе во светот. 

Овој ритуал не е типичен само за Швеѓаните, истото го практикуваат и Норвежаните, Финците, Данците и Бугарите. Во Шведска се нарекува „lillördag“ или „мала сабота“, денот кога слугинките имале слободен ден, бидејќи во сабота работеле, а денес, времето за одмор е заменето со ден за пиење и тоа се случува во среда.

Фото: relocatetosweden.com
 

Сподели ја веста

Последни содржини