Ситуацијата во Венецуела сe влошува, американската амбасада го повлекува целиот персонал од Каракас

Објавено: 12 март 2019 - 11:11

Американската амбасада во Венецуела го повлече преостанатиот персонал во Каракас, поради влошувањето на ситуацијата во таа земја.

 

Одлуката за повлекување на персоналот на американската амбасада беше објавена од страна на американскиот државен секретар Мајк Помпео, објави АП.
Венецуела падна во длабока политичка и економска криза.

Веќе четири дена земјата нема електрична енергија, поради што се прекинати училишните и деловните активности.

САД се обидуваат да го заменат лидерот на социјалистите Николас Мадуро со лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, кој бара нови претседателски избори.
Гваидо го поддржуваат околу 50 земји, додека Мадуро има поддршка од Кина, Русија и Куба.

Сподели ја веста

Последни содржини