Сноуден тврди: Трамп најмногу го сака Путин

Објавено: 28 мај 2018 - 08:53

Обраќајќи се преку видео врска од Москва, поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден порача дека претседателот на САД Доналд Трамп никого на светот не го сака повеќе од рускиот претседател Владимир Путин.

Јасно е, како што пишува „Хафингтон пост“, дека Трамп е голем обожавател на Путин, а Сноуден смета дека Американците не би требало да сметаат дека специјалниот пратеник за истрага за можното руско мешање во американските претседателски избори 2016 година Роберт Малер ќе го „раскринка“ Трамп за соработка со Кремљ.

- Не постои никој на светот кого Трамп повеќе го сака од рускиот претседател. МИслам дека луѓето премногу бараат кога се надеваат дека истрагата на Малер ќе открие нешто за Трамп, рекол Сноуден додавајќи дека светот така не функционира и дека животот не е толку едноставен, пренесе „Хафинтон пост“.

Сподели ја веста

Последни содржини