Успешен лет на најголемиот авион на светот

Објавено: 15 април 2019 - 08:50

Најголемиот авион на светот со распон на крилја од 117 метри (повеќе од должината на фудбалски стадион) успешно го заврши својот прв лет, објави американската авиокомпанија Stratolaunch.

Авионот кој има два трупа, летал два и пол часа над пустината Мохаве во Калифорнија, на висина до пет километри, и изврши неколку маневри пред успешно да слета.

Компанијата Stratolaunch е основана од ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален во 2011 година, а целта е креирање воздухоплов од кој ќе се лансираат сателити во орбитата, што е поевтино отколку класичното лансирање. 

 

Сподели ја веста

Последни содржини