Видео: Бразилски сенатор застрелан откако со булдожер влетал на протест

Објавено: 20 февруари 2020 - 14:48

РТ пренесува дека бразилски политичар бил погоден со гумени куршуми, откако се обидел да употреби градежно возило за да ги растера воените полицајци, кои протестираат за подобри плати.

Поранешниот гувернер на државата Сеара, на североисточниот брег на Бразил, и актуелен сенатор Сид Гомес се спротивставил на персоналот на воената полиција во неговиот роден град Собрал и тоа со булдожер.

Прозорците на возилото биле распарчени, а се слушнале и неколку истрели во позадина. Крвавиот Гомес бил отстранет од булдожерот, а неговиот брат им рекол на новинарите дека Гомес бил погоден од два гумени куршуми. Самиот политичар подоцна на „Твитер“ потврди дека е хоспитализиран, но дека нема повреди опасни по живот.

 

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини