Видео: Мајка на 16 деца покажала што вклучува неделната набавка на намирници

Објавено: 21 февруари 2020 - 08:54

Семејствата особено оние кои имаат повеќе деца, неретко прават список на намирници кои треба да ги испазарат, а изготвувањето на неделното мени бара добра организација.

Џени Бонел од Квинсленд е горда мајка на девет сина и седум ќерки, од кои најмладата има четири години, а најстарата има 29. години. Но, таа и нејзиниот сопруг Реј во моментов живеат со единаесет деца, додека другите веќе се иселиле.Поттикната од интерес за нивното семејство, оваа мајка решила да го започне каналот „Јутјуб“ наречен „The Bonell Family“, каде редовно објавува моменти од нивниот приватен живот.

Така, во неколку наврати, таа зборувала за нивниот неделен шопинг на намирници, а сега одлучила да покаже како тоа изгледа во пракса. За набавка на овие намирници потрошила 451,48 УСД (околу 25.000 денари).

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини