Видео: Прекинат говорот на Иванов и евакуирана салата во Мелбурн

Објавено: 24 февруари 2020 - 11:18

Поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов, со семејството, сопругата Маја и синот Иван, се наоѓаат во посета на македонските иселеници во Австралија.

Тој е таму на покана на The Macedonian Community Welfare Association (MCWA)  – Македонска добротворна организација, која пред два дена организираше гала вечера со Ѓорге Иванов.

Како што известува порталот Фаланга од Австралија, по рутинската проверка, сите се вратиле во салата, а Иванов го продолжил говорот.

Инаку, на гала вечерата со Иванови можеа да присуствуваат сите со купени влезници.

Собраните средства, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, информираат организаторите.

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини