(Видео) Украинците со шипки ги дочекаа сонародниците евакуирани од Вухан

Објавено: 21 февруари 2020 - 12:22

Украинските граѓани кои беа евакуирани во Вухан, дома не беа добро пречекани од нивните сограѓани. 

Во страв дека тие ќе го донесат вирусот дома, стотици луѓе, од кои некои вооружени со метални прачки и камења, протестирале против нивното враќање во Нови Санжари во централна Украина.

Демонстрантите се судриле со полицијата, палеле гуми и фрлале камења врз конвојот автобуси што ги превезувал евакуираните во санаториумот во Нови Санжари.

Прозорците се искршени најмалку на два автобуси, но успеале да ги превезат евакуираните. Сите 45 Украинци, кои се вратиле од Вухан со чартер-летот заедно со 27 други странски државјани во четвртокот, ќе останат во карантин во следните две недели, изјавија официјални лица.

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини