Вирусот не ги спречува: Кинезите имаат голем апетит за кучиња и диви животни

Објавено: 18 февруари 2020 - 11:21

Во изминатите неколку седмици кинеската полиција вршеше претреси на куќи, ресторани и помали пазари ширум земјата, при што приведоа над 700 лица и запленија 40.000 животни. 

Ова најдобро укажува на тоа дека кинескиот апетит за диви животни или желбата нивните органи да ги користат во традиционалната медицина нема да исчезнат преку ноќ и покрај тоа што преку одредени животни се шири смртоносниот коронавирус. 

Кинеските трговци кои во „нормалните времиња“ можеа легално да продаваат кучиња, елени, крокодили и разни други животни, велат дека планираат да му се вратат на бизнисот кога пазарите повторно ќе се отворат.

„Многу луѓе сметаат дека животните живеат за човекот и дека не се само обични жители на Земјата“, изјави кинескиот пензиониран зоолог Ванг Сонг.

Инаку, бројот на смртни случаеви во Кина како последица на Корона вирусот порасна на 1,873 лица. Надвор од Кина забележани се пет смртни случаеви, додека ширум светот се заразени над 73 илјади лица.

Сподели ја веста

Последни содржини