Во Хаваи станува критично

Објавено: 17 мај 2018 - 09:24

Почна да се остварува она на кое геолозите предупредуваа – вулкан на Хаваите почна да „испалува проектили“ со големина на микробранова печка.

Ако продолжат да се остваруваат предвидувањата на експертите, вулканот Килауеа што исфрла лава веќе 10 дена, ќе влезе во фаза на експлозивни ерупции што ќе исфрлат огромна количина пепел и камења во воздухот.

Ерупција од вакви размери не се памети од минатиот век, потсетува „Ројтерс“.

Поради интензивната активност на вулканот забранети се бројни летови во опасната зона бидејќи постои голема веројатност вулканската пепел да влезе во моторите на авионите и да ги оштети.

„Се очекуваат уште експлозии и ќе бидат уште посилни“, велат од Американскиот геолошки институт и објаснуваат дека ваквите „огнени топки“ тешки и по неколку тони би можеле да разнесат пепел на оддалеченост од 6 километри.

Ако се реализира до крај ваквото сценарио, делот околу вулканот што веќе е покриен со ситни честички вулкански песок, ќе биде покриен со пепел, а воздухот ќе биде загаден од вулкански смог и ќе биде невозможно непречено да се дише.

Покрај вулканската активност, Хаваи посстојано го тресат и силни земјотреси.

Сподели ја веста

Последни содржини