Во Хрватска потребни се 80.000 сезонски работници, плата до 872 евра

Објавено: 24 февруари 2020 - 08:49

Позитивните трендови во хрватскиот туризам не кореспондираат со заминувањето на луѓето и недостатокот на работна сила.

Бројот на вработени во туризмот во Хрватска секоја година се зголемува за околу пет проценти, па и повеќе, и тоа поради постојаниот раст на инвестициите, но и поради заминувањето на домашната работна сила.

Марина Цвитиќ, Претседателка на Синдиктот на Истра, Каварнер и Далмација, за Дојче Веле вели дека во сезона се потребни околу 150 илјади работници, меѓу кои нешто помалку од 60 илјади од нив имаат договор на неопределено работно време.Од преостанатите 90 илјади, помалку од десет илјади имаат разни договори на определено, на подолг период или на т.н. постојани сезонски работи.

-Вкупно додатно се потребни околу 80 илјади сезноски работници. Околу 30 илјади се вработуваат преку Заводот за врабтување од подрачјата на Хрватска, заклучува таа нагласувајќи дека најмногу сезонски работници доаѓаат од Србија и БиХ.

Во Истра на пример, келенер заработува помеѓу 698 и 872 евра (од 187 до 230 евра) месечно, а собарка од 644 евра до 738 евра (од 174 до 198 евра) месечно.

Сподели ја веста

Последни содржини