Во оваа земја од први март јавниот превоз ќе биде бесплатен

Објавено: 26 февруари 2020 - 08:26

Луксембург од први март ќе стане првата земја во светот каде јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, целта е да се поттикнат луѓето да се откажат од автомобилите.

Патниците ќе треба да приложат само документ за идентификација за да ги користат автобусите, трамваите и возовите во земјата.

Покрај оваа мерка, министерството за транспорт се залага и за поефикасна и помодерна мрежа на јавен превоз во наредните години за да го направи поатрактивен. Луксембург е една од земјите во Европа каде стапката на автомобилисти е највисока.

Бесплатниот јавен превоз беше едно од ветувањата на владината коалиција, мерката ќе ја чини 41 милион евра годишна и ќе се финансира од даноци.

Сподели ја веста

Последни содржини