Во оваа земја се штампаат најголем број примероци од Библијата

Објавено: 21 февруари 2020 - 09:28

Кина е една од најголемите економски сили во светот, а моменталната ситуација со коронавирусот може да влијае на повеќе сегменти , особено поради фактот што произведува работи кои се продаваат во различни земји, кои пак од друга страна, зависат од куповната моќ на нивинте жители. 

Кина е „светска фабрика“. Ги произведува стоките и алатките што ни се потребни за производство. На пример, произведува 70 отсто од светските климатизери и 58 отсто од чевлите се изработени во оваа азиска земја. Покрај тоа, во неа се штампаат најголем број примероци од Библијата.

Доколку Кина забави во своите активности, работните места ширум светот се изложени на ризик, а познато е дека инвестира во големи проекти ширум светот. Таа гради железници во Кенија и Етиопија, мостови во Хрватска, патишта во Пакистан. Меѓу другото, кинеската компанија е главен изведувач во нашиот регион.

Затоа кога Кина тоне, таа со себе го влече целиот свет.

Сподели ја веста

Последни содржини