Во страшна несреќа загина најбрзата жена во светот

Објавено: 29 август 2019 - 13:42

„Најбрзата жена на четири тркала во светот“, Американката Џеси Комбс (36), загина во сообраќајна несреќа во пустината Алворд во американската сојузна држава Орегон, додека се обидуваше да го собори сопствениот рекорд.

Комбс работеше и како телевизиска водителка. Стана најбрзата жена на четири тркала во светот во октомври 2013 година, достигнувајќи брзина од 631 км на час додека возеше северноамерикански „Игл“ (НАЕ) суперсоничен брзински предизвик кој беше составен од остатоци од авион  на марката „Локхид стартфор Ф-104“.

Деталите за несреќата не се познати. Сепак, според американските медиуми, 36-годишната Американка настрадала обидувајќи се да го собори досегашниот рекорд.

Нејзиниот сон беше да стане најбрзата жена на Земјата. Таа беше една од ретките храбри луѓе која сакаше да ги оствари соништата, возејќи се побрзо од било која друга жена во светот, објави нејзиното семејство.

Џеси Комбс соработуваше со бројни емисии, а имаше и неколку свои телевизиски шоуа.

Сподели ја веста

Последни содржини