"Девојка за секое време"- Нов видео запис на Перо Пандилоски

Објавено: 08 November 2017 - 15:10

"Девојка за секое време" е насловот на најновата песна на Перо Пандилоски за која објави и видео запис Музиката и текстoт се на Јован Василески, аранжманот е на Гоце Симоноски. Видеото е снимено на повеќе локации во Охрид, Св.Наум и Маврово. Ова е негова 10-та песна а 5-ти видео запис. "Во блиска иднина во план ми е конечно да склопам еден албум кој ке биде еден печат на моето досегашно работење."-  изјави младиот пејач.

Видео: ProCam Production | Модел: Ангелина Китановска