Спот жежок како летото! "Летна тајна" е новиот хит на Перо Пандилоски

Објавено: 21 јуни 2018 - 14:15

Станува збор за поп песна со латино елементи снимена во стидиото на Ивица Брчиоски од Ареа, кој што исто така стои позади аранжманот на песната. Музика ја направија Бојан Илијески и Драган Mатески, а текстот Драган Матески.
Прекрасна летна и весела песна со видео спот како шлаг на тортата. Прекрасни млади лица... Главната женска улога ја превзема искусната Симона Станковска, а останатите модели како статисти се исто така од модното студио Црнокрак. Спотот е снимен во познат хотел во Маврово под режисерска палка на ПРОКАМ продукција. Уживајте!