Најсмртоносното оружје во светот може градовите да ги претвори во пепел

Објавено: 21 февруари 2020 - 10:29

Атомските подморници вооружени со моќни нуклеарни ракети се најсмртоносното оружје кое човекот некогаш го измислил, пишува весникот „Нешенел интерест“. Кога станува збор за руските подморници, најјака е „најтивката подморница“ со балистички ракети од проектот 955А „Бореј-А“, која е вооружена со ракети Р-30 „Булава“. Инаку со појавувањето на нови модели, расте и моќта на нуклераните ракети. На пример, за време на Студената војна, со нив можело за помалку од половина час 288 цели со големина на град да ги претворат во радиоактивен пепел. Можете ли да замислите што се може да се уништи со новите модели на подморници?