Научниците изградија објект клучен за човековиот опстанок во случај на апокалипса

Објавено: 24 декември 2019 - 10:41

Замислите за момент што би се случило доколку комета ја удри Земјата или доколку дојде до нуклеарна војна?. Само мал број луѓе би преживеале и тие ќе мора да бидат неверојатно добро подготвени за иднината. Но од каде ќе најдеме семиња за да развиеме земјоделски култури за да се прехраниме? За среќа, научниците изградиле неверојатен објект, скриен длабоко во оддалечените планини на Арктичкиот круг, наречен сефот на Спитсберген, кој вреди 4,3 милиони евра и содржи семиња од билки, таканаречени примероци. Семињата се чуваат во специјални банки кои овозможуваат посебни видови никогаш да не се изгубат, без оглед дали ќе дојде до регионална или глобална криза.